Се качувал преку прозор во воз на тргнување – тркалата му ги отсекле двете нозе
Воз му ги отсекол двете нозе на 35-годишен маж кој се обидел да се качи преку прозор во воз на тргнување, вчера во Монца, Италија. Тој се фатил за отворениот прозорец но не успеал да се додржи, паднал и нозете му завршиле на шините. Машиновозачот воопшто не бил свесен за инцидентот, па шокираните лица присутни на станицата морале да чекаат да поминат сите вагони пред да му укажат помош на лицето со потекло од северна Африка кое лежело на шините без двете нозе. Тркалата на возот му ги ампутирале нозете некаде во висина на потколеницата. Итно бил пренесен во болница каде што се наоѓа во критична состојба.
Железничката полиција ќе отвори истрага за настанот бидејќи постојат сомневања дека постои еден вид на мода меѓу помладите кои често се обидуваат да го направат ова опасно качување во воз. Наводно настраданиот и претходно се качувал преку прозор во воз на тргнување, а машиновозачите во неколку настани пријавиле дека одредени лица меѓу кои имало и малолетници од забава си го ризикувале животот правејќи го истото.
Ново на Сител
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
-

Ненадејна смрт на новороденче во болницата во Кавадарци – обдукцијата ќе покаже од што починало
-

Петиција до МВР: Со Сејф сити да се детектира и казнува фрлање отпушоци и отпад од возилата
-

Преглед на вестите од светот
