-->
-->
Се извини велешанецот кој повика на џихад, неговиот македонски јазик не бил доволно усовршен
-->
Велешанецот кој во саботата пред група верници во близина на велешката Црна Џамија се закануваше со војна, се извини за искажаното.
Говорникот чие име е Фрат Мемедовски рече дека бил погрешно разбран, бидејќи не го знаел добро македонскиот јазик.
„Сакам да се извинам на градот Велес за моето обраќање, бидејќи тоа што го кажав не го мислев. Мојот македонски јазик не е доволно усовршен, бев возбуден и поради тоа моите зборови се разбраа на начин кој и јас самиот не го оправдувам. Исламската вера и муслиманите никогаш не повикуваат на безредие и анархизам, туку повикуваат на соживот со комшиите и со останатите вери и нации. Се извинувам до македонската јавност“, вели Мемедовски во видео обраќањето, објавено преку социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи