Се избира нов главен извршен директор на Македонски Телеком, Маирехофер заминува за Полска
Во Македонски Телеком е во тек постапка за избор и назначување нов главен извршен директор. Андреас Маиерхофер, кој е на таа функција од 2014 година, заминува од компанијата, и е назначен за главен извршен директор на Т-Мобиле Полска, од 1 април годинава.
Од Македонски Телеком денеска соопштија дека Маиерхофер ќе ја води компанијата до 1 мај годинава, кога треба да се избере негов заменик. Тој ќе остане неизвршен член на Одборот на директори на Македонски Телеком.
- Под водство на Маирехофер Т-Мобиле и Македонски Телеком станаа една компанија, што придонесе за уште подобро позиционирање на пазарот, се стабилизираше трендот на опаѓање на приходите, продолжија инвестициите во 4G мрежата и напредните технологии што овозможува на корисниците да им се понудат модерни, конвергирани и „смарт“ решенија и услуги, се вели во соопштението од Македонски телеком.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник