Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма
Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје утринава земаа брисеви од петмина излекувани штипјани од коронавирусот, кои сакаат да бидат дарители на крвна плазма.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека откако ќе се испратат брисевите во лабароторијата во Скопје ќе се знае колку од овие хумани и излекувани пациенти ќе можат да даруваат крвна плазма, за оние кои се уште ја бијат битката со вирусот.
Таа истакна дека во тек е увидот во осмата конфекција, каде што до вчера се појавија вкупно три позитивни случаи на коронавирусот.
-Епидемиологот треба да увиди дали во конфекцијата се почитуваат препораките за заштита, како од страна на работодавецот, така и од страна на работниците, односно дали меѓу машините има доволно растојание, како и дали работниците ги почитуваат мерките со носење на заштитни маски, вели Димитрова.
Таа истакна дека се чекаат и резулататите од првите контролни тестови за 53-те работнички, а се чекаат и резулатите од скринингот на вработените во најголемата штиспка градинка „Астибо“, каде што се тестирани над 130 вработени.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците