Се гради нов мост на реката Бошава во Демир Капија
Интензивно се работи на изградба на нов мост на реката Бошава во Демир Капија, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа. Оттаму појаснуваат дека новиот мост е со должина од 125 метри и ширина 10,5 метри, а се наоѓа на оддалеченост од 400 метри од стариот мост по течението на реката.
- Со изградбата на овој мост ќе се изврши поврзување на двата дела на градот и тоа обиколниот пат со улица Партизанска, а со тоа ќе се овозможи побезбеден и побрз сообраќај како за лесните, така и за тешките товарни возила, соопштуваат од Службата за информирање при општината.
Нагласуваат дека изградбата на овој мост беше неопходна, „бидејќи стариот мост не ги задоволува потребите за нормално одвивање на сообраќајот“.
Инвеститор е општина Демир Капија, а средствата се обезбедени од проектот за изградба на автопатот М1, делница Демир Капија- Смоквица.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање