Се гради нов мост на реката Бошава во Демир Капија
Интензивно се работи на изградба на нов мост на реката Бошава во Демир Капија, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката локална самоуправа. Оттаму појаснуваат дека новиот мост е со должина од 125 метри и ширина 10,5 метри, а се наоѓа на оддалеченост од 400 метри од стариот мост по течението на реката.
- Со изградбата на овој мост ќе се изврши поврзување на двата дела на градот и тоа обиколниот пат со улица Партизанска, а со тоа ќе се овозможи побезбеден и побрз сообраќај како за лесните, така и за тешките товарни возила, соопштуваат од Службата за информирање при општината.
Нагласуваат дека изградбата на овој мост беше неопходна, „бидејќи стариот мост не ги задоволува потребите за нормално одвивање на сообраќајот“.
Инвеститор е општина Демир Капија, а средствата се обезбедени од проектот за изградба на автопатот М1, делница Демир Капија- Смоквица.
Ново на Сител
-
20-гoдишникот што ја прегази Фросина бил во притвор за дрога, на 16 години направил уште една сообраќајка
-
Разрешување на директорката бара лекарскиот колегиум на Клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле
-
Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент
-
Меси сака да игра на Светското првенство во 2026 година
-
Ждрепка за плејофот од Лигата на шампионите
-
Граѓански протест денес на „Партизанска“ за трагичната смрт на Фросина
-
Од 1 до 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк