Се градат три улици во Неготино
Се градат три улици, инфраструктурно се уредува урбаната индустриска зона осум во Неготино, каде фунционираат неколку стопански субјекти. Станува збор за потегот од десната страна на излезот од Неготино кон Кавадарци, каде се лоцирани и функционираат повеќе објекти од стопанството.
Како што информираше денеска за МИА неготинскиот градоначалник Ванчо Апостолов, општината најпрвин обезбедила проектна документација, врз основа на која и биле беа одобрени два проекта.
Едниот проект е за изградба на две улици, преку Биро за регионален развој и министерствата за локална самоуправа и транспорт и врски, со посредство на Вардарски плански регион, вреден околу пет милиони денари.
Со нивното завршување, ќе следува изградбата на третата улица, со средства од околу 700 илјади евра од Министерството за транспорт и врски, преку Европската инвестициска банка.
- Најпрвин со средства од 27 милиони денари ќе се изгради целата водоводна мрежа, како и фекална и атмосферската канализација во овој дел на градот. Со тоа, овде ќе се создадат сите услови за нормално стопанисување. Сметам дека со адаптација на овој простор, ќе обезбедиме еден подобар пристап, како за граѓаните, така и за стопанствениците. Многу подобро ќе функционираат малите претпријатија кои се сместени овде, нагласи Апостолов.
Две од улиците ќе бидат пробиени и тампонирани, а една пробиена, тампонирана и комплетно асфалтирана.
Се очекува работите на терен да завршат во рок од четири месеци.
Ново на Сител
-
Приведен 51-годишен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
-
Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја