Македонија
19. September 2016 - 10:38

Се градат три мостови на Каменичка Река, Македонска Каменица

Во Македонска Каменица во тек е изградба на три мостови на Каменичка река со што ќе се решава проблемот на жителите од неколку села и приградски населби кои поминуваа повеќе километри за да ја заобиколат реката и да стигнат до останатите населени места во општината.
 
Градоначалникот Дарко Митевски истакна дека изградбата на мостовите е на барање на жителите за подобра комуникација и пристапност до останатите населени места.
 
-  Едниот мост се гради во населбата Павлиш Дол, вториот во месноста  Раздол, а третиот до филтер-станицата што го позврува горниот дел од селто Моштица. Можам да кажам дека првиот мост е во напредната изградба по што ќе следува изградба и на другите два моста. Градежните работи ги извршува фирмата Хит градба од М. Каменица, а тие треба да завршат во текот на оваа есен, рече Митевски.
 
Инвестицијата за изградба на трите мостови чини 3,5 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Македонска Каменица.