Се градат пристапни патишта во Македонска Каменица
Во Македонска Каменица започна асфалтирањето на пристапните патишта во неколку маала во селата во општината. Како што истакна градоначалничката Соња Стаменкова изградбата и реконструкцијата на пристапните патишта во селските средини е предвидено со Програмата за работа од 2018 година.
- Фирмата изведувач „Стоименов“ ДООЕЛ - Кочани, започна со асфалтирање на пристапни патишта до Доганско маало и Цоцевско маало во село Дулица. Станува збор за пат со должина од 1055 метри и ширина на тампониран дел од коловозот од 5,5 метри со 3,5 метри асфалт. Финансиската вредност на овој проект е 6.847.871 денари, истакна Стаменкова.
Таа додаде дека е планирана и изградба на уште неколку пристапни патишта во останатите рурални средини, како и изградба на повеќе помали кракови, со цел обезбедување подобри услови за живеење на жителите и во руралните средини од општина Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина