Се градат локални патишта во Македонска Каменица
Во Општина Македонска Каменица денеска завршуваат земјените работи од изградбата на двата локални пата во селата Саса и Моштица.
Како што информираат од Општината, се работи на локалните патишта од Саса до Сарафското маало и во селото Моштица до Пречачкото маало, а средствата во висина од 260 илајди евра се обезбедени преку грант од ЕУ, програмата на Минситерството за финансии и Светска Банка.
Градоначалникот Дарко Митевски кој денеска направи увид на стартот на земјените работи на овие инфраструктурни проекти истакна дека овие проекти се во насока на подобрување на квалитетот на живот во овие населени места.
- Земјените работи се целосно завршени, се работи на фазата за одводнување на локалниот пат до Пречачко маало пришто ќе следува тампонирање, додека изградбата на патот до Сарафовско маало е во понапредна фаза и овде очекуваме до крајот на месецот да се пристапи кон фазата на асфалтирање, рече Митевски.
Тој додаде дека во моментов се работи на изградба на локални патишта и во Дулица и Цера, како и на друг локален пат во Саса до Мечкарското маало, а во апрл ќе започне изградбата на пристапни патишта во селата.
-Со сите овие проекти, ние ќа ја финилизираме ветената програма од пред четири години. Овие проекти се во насока на подобрување на квалитетот на животот во селските средини, а Општината ги реализира без денар задолжување, односно преку грантови, истакна Митевски.
Ново на Сител
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип
-
Минута молк на натпреварите во Германија
-
Вучиќ: Младите од 20 до 35 години, дури и невработените, ќе можат да земат станбен кредит
-
Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш
-
Германија: Билансот од нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет загинати, над 200 повредени