-->
-->
Се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци
-->
Се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци. Временски услови одат во прилог на градежните работи околу реката која го дели градот на два дела, информира денеска Службата за односи со јавноста во општина Кавадарци.
- Со изградбата на новиот дел, кавадарчани ќе добијат нови 200 метри пешачка патека по кејот на реката Луда Мара. Се гради од централната градинка до „Брушанскиот мост“. Се работи за продолжување на проектот за изградба на кеј на реката. Планирано е да се обезбедат над 400 метри пешачка патека од двете страни на реката Луда Мара и катче за жителите кои живеат во овој дел на градот, соопшти Службата за односи со јавноста.
Овој проект чини 9 милиони денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место