Се читаат транскрипти од разговори и СМС пораки на рочиштето за „Монструм“
Со читање транскрипти од разговори и СМС пораки во кои се опфатени разговори од 18 април 2012 година почна денешното рочиште за случајот „Монструм“ за убиството на момчињата и рибарот на Смилковското езеро. Разговорите се водат меѓу непознати лица со извесно лице Б.
Пред почетокот на судењето, застапникот на оштетените информира дека вчера имале средба со министерката за правда Рената Десковска, но оти ништо не произлегло од средбата.
Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
За петкратното убиство од 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан