Се чисти големата депонија во Долно Лисиче
Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче, информираа од Општина Аеродром.
Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите, велат од ова скопска Општина.
– Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски остануваат фокусирани на решавање на горчливиот проблем со дивите депонии. Лоцирани се сите депонии на територијата на Општина Аеродром и активно се работи на нивно расчистување, додаваат од таму.
Воедно, од општината Аеродром, истакнија дека вовеле и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.
Ова зачестено чистење на депониите дава свој придонес во борбата против загадувањето. Остануваме посветени на одржување и зачувување на јавната чистота затоа што аеродромци заслужуваат да живеат во здрава и хумана средина.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците