Се чистат одводните канали во Вевчани
Почнаа градежните активности за чистење на одводната каналска мрежа во должина од четири километри надвор од урбаниот опфат во општина Вевчани.
Предмет на расчистување, како што информира градоначалникот Цветомир Угриноски, се три главни одводни канали, а предвидено е сечење на жбунови и вегетација, машински ископ на земја и чистење на постојните армирано бетонски пропусти.
- Со расчистувањето на главната одводона каналска мрежа ќе се овозможи нормално нејзино функционирање, ќе се подобри прифатливоста на водите од урбанта зона и површинските атмосферски води, а ќе се придонесе и кон поголема заштита на земоделските обработливи површини, изјави Угриноски.
Средствата за реализација на овој проект од околу 1,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска