Свет
16. July 2016 - 13:46

Се бори за живот: Најмладата жртва од Ница е шестмесечно бебе

Најмладиот меѓу повредените при нападот во Ница, кои се примени во детската болница во овој францукси град, има само шест месеци, соопшти денеска на прес-конференција, портпаролот на Фондацијата Ленвал, Стефани Симпсон.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, таа посочи дека поголемиот број од триесетте деца хоспитализирани во болницата во Ница имаат повреди на главата и скршеници. 

- Ние сме навикнати да примаме многу деца, но овој пат беше тешко да се раководи со ситуацијата, посебно поради психолошкиот аспект, изјави Симпсон.

Таа дополни дека во болницата е формиран е психолошки оддел каде работат четворици психолози, кои веќе прифатиле повеќе од 50 семејства по нападот во четвртокот вечерта.

Симпсон, исто така, соопошти дека пет од хоспитализираните деца се се уште во критична состојба, едно е стабилизирано, а три се на вештачко душење.

Таа рече и дека едно хоспитализирано дете на возраст од 8 години, кое веројатно е од странство, се уште не е идентификувано.

Симпсон додаде дека од 84-та загинати при напдот, 16 се уште не се идентификувани.