Се бара начин за да се исплатат субвенциите на земјоделците, тие најавуваат протести од понеделник
Интензивно се бара начин да се исплатат земјоделските субвенции согласно законите.
Ресорниот министер Цветков ги информирал земјоделските здруженија дека за субвенциите се предвидени и обезбедени 100 милиони евра, но законот за за избори не дозволува нивна исплата до формирање на влада.
Исплатата во овој момент се коси со уште три други закони. Земјоделците предупредуваат дека ќе имаат големи загуби ако наскоро не ги добијат парите. Тие даваат рок за решение до следниот понеделник по што најверојатно ќе простестираат.
Министерството за земјоделство изготви измени со кои земјоделските субвенции ќе може да се исплаќаат по конституирање на Собранието. По првото разгледување по кое не беше донесена одлука, измените ќе се разгледуваат на владината седница закажана за денеска.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар