СЕ: Алармантни трендови на влијание на ултрационалистичка и ксенофобна политика во Европа
Европа се соочува со шокантна реалност: антисемитски, антимуслимански и други расистички злосторства од омраза растат со алармантна стапка, при што најновиот пример е екстремистички напад во Ханау, Германија, убиени девет лица и повредени неколкумина. Ваквите ужасни дејства честопати се поттикнуваат со отровни зборови, а теориите на заговор се шират преку социјалните мрежи и интернетот, рече генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.
Таа вели дека ширењето на реториката на расистичките екстремисти „удира во срцето на демократиите“ и мора да биде запрено и оти земјите членки на СЕ мора да работат заедно за борба против растечката закана од десницата, вклучително и преку соработка со Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ) и спроведување на неговите препораки.
Извештајот на ЕКРИ посочува дека целите на долгогодишните предрасуди против дискриминација, ксенофобична реторика и насилство се муслимани, Евреи, Роми и црнци.
Ново на Сител
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука
-
Мицкоски: Разрешувањето на Коцевски ќе продолжи во ноември
-
Комплетно реновирани операциони сали на Клиниката за уво, нос и грло
-
Преглед на вестите од светот
-
Втора седница на Советот за безбедност во вила „Водно“
-
Нова опрема на Клиниката за уво, нос и грло
-
Владата субвенционира идни пилоти
-
СДСМ бара да не се потпише указот за Законот за полиција