Македонија
23. May 2021 - 11:12

СДСМ: Зоран Заев силно се бори за татковината

Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата.

Ова граѓаните го гледаат секој ден.

Немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат.

Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро.

Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република Македонија да не успее.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ