СДСМ: Здравјето на граѓаните е најважно, неопходни се порадикални мерки
Здравјето на граѓаните е најважно, неопходни се порадикални мерки, ограничено е движењето во периодот од 21 до 06 часот, да ги почитуваме мерките и заеднички да ја заштитиме нацијата
Здравјето на граѓаните и нивната заштита од корона вирусот е најважно, неопходни се порадикални мерки затоа Владата донесе одлука од денеска да се забрани движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден.
Нема компромис кога здравјето на граѓаните e во прашање, затоа мораме сите да ги почитуваме мерките на Владата, само така ќе ги спасиме народот и државата.
Тоа е неопходно за да се спречи натамошно ширење на вирусот.
Од оваа забрана ќе бидат исклучени лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош / животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.
Забраната нема да важи и за припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија на Република Северна Македонија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.
Ќе се ограничи и бројот на дежурните аптеки, институциите и стопанството треба да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период, се ограничува присуството на граѓани во трговски објекти, аптеки и јавни установи.
Битката против коронавирусот е заедничка, сите ние треба да бидеме дел од оваа наша заедничка битка. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата сите мораме да се однесуваме вонредно и најодговорно.
Само ако сите ги почитуваме мерките што ги воведуваме, значително ќе го намалиме ризикот и побрзо ќе го вратиме нашето безбедното секојдневие.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“