СДСМ: Започна исплатата на зголемената социјална помош, над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход
Започна исплатата на зголемената социјална помош којашто е предвидена со новата социјална реформа.
Над 25.000 семејства добија гарантиран минимален приход, којшто за поголемиот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто. На сите домаќинства коишто имаат деца дополнително им е исплатен и детски и образовен додаток.
Со социјалната реформа правиме целосна преобразба на системот за социјална заштита кој има за цел трајно да изввлекува од сиромаштија.
За прв пат , корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат и детски додаток како и додаток за основно образование. Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, е трансформирана во право на додаток за образование.
Со социјалната реформа наместо досегашниот опфат од 3.200 деца, сега детскиот додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.
Со мерките од социјалната реформа, ја намалуваме сиромаштијата во државата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост, го подобруваме квалитетот на предучилишното образование и градиме вистински праведно и хумано општество.
Аплицирањето за новите права е се уште во тек и очекувано е опфатот на домаќинства што ќе ги остваруваат правата дополнително да се зголеми.
Ново на Сител
-
Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР
-
Орбан: Европа под водство на Фон дер Лајен оди кон провалија
-
МЗ: Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи
-
Министерство за здравство: Ја следиме состојбата со пожарот во Трубарево, во координација сме со сите надлежни институции
-
КМФМ се оградува од настанот кој ќе се одржи во Јане Сандански: Шоу настан на кој наши членови нема да земат учество
-
Кикбоксерите со своите светски медалисти повторно на сопствен трошок отпатуваа на Европското јуниорско првенство
-
Пожар во фабрика во Трубарево, го гасат повеќе екипи, пожарникарите интервенирале и во Лисиче
-
Зидан постигна договор со Француската фудбалска федерација