СДСМ: За јазик и идентитет не се разговара
Нервозата кај хистеричниот Христијан Мицкоски кулминира затоа што протестите му се фијаско во кое никој веќе не учествува, особено откако целосно ја разобличивме антимакедонската и антиевропска кампања на ВМРО-ДПМНЕ.
Говор на омраза, ширење поделби меѓу граѓаните, ниско ниво на комуникација полно со невистини, лаги, навреди, се единствени теми на кои е посветен хистеричниот Мицкоски.
Како што лажеа дека со Договорот од Преспа ќе се изгубел македонскиот идентитет, како што лажеа дека викендов ќе се распрачувала државата, денеска Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажат дека наводно ќе се менувала историјата.
Уште еден залуден обид на ВМРО-ДПМНЕ и хистеричниот Мицкоски преку клевети и навреди да внесат поделби меѓу граѓаните.
Граѓаните знаат, за јазик, за идентитет, не се разговара.
Она што треба да се менува е антидржавниот, антимакедонски однос на ВМРО-ДПМНЕ на штета на државните и национални интереси.
Никој не се откажува од македонските херои, од АСНОМ, тоа се глупости и клевети, но ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од блокадите, деструкцијата со која им наштетува на граѓаните.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
