СДСМ: За 50 проценти зголемени средствата за рамномерен регионален развој
Конкретни мерки и повеќе пари за рамномерен регионален развој, потпишани 98 проекти во вредност од 4,5 милиони евра
Владата предводена од СДСМ за 50 отсто ги зголеми средствата за рамномерен регионален развој и веќе се потпишани 98 нови проекти за развој на планските региони, на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од околу 4,5 милиони евра.
Генрално, станува збор за инфраструктурни проекти или проектна документација за поголеми проекти предложени од општините и планските региони врз основа на нивните приоритети, со цел да можат да се обезбедат дополнителни средства и од донаторски извори или од ИПА Програмата на Европската Унија.
Владата предводена од СДСМ продолжува да го стимулира рамномерниот регионален развој преку постојано зголемување на средствата за таа намена.
Со влезот на Македонија во НАТО, како и со отпочнувањето преговори за членство во ЕУ, предвидено е дополнително зголемување на средствата наменети за рамномерен регионален развој, преку отворање нови фондови и развојни линии преку кои ќе се финансираат проекти во интерес на граѓаните особено во подрачјата со специфични развојни потреби и во руралните населени места.
Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој, економски раст, повеќе пари и квалитетни услови за живот за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Папата Лав Четиринаесетти повика да се дозволи влез на хуманитарна помош во Појасот Газа
-
Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети
-
Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, Мицкоски очекува наскоро да бидат обелоденети ваквите тврдења
-
Фрлил шише со запалива течност на влезна врата од казино во Чаир, пробал да го запали
-
Двајца основци од училиште кај Бит Пазар нападнале соученик со остар предмет
-
19-годишен возач со „БМВ“ удрил 81-годишен пешак во Тетово
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски