СДСМ: Во наше време растеа платите

Владата на Мицкоски се луксузира на грбот на граѓаните а не сака да ги покачи платите на работниците, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, одбива да ги покачи останатите плати.
Работниците се приморани да протестираат на улиците за достоинствени плати. Нивната мака е тешкото секојдневие, не можат да ги платат сметките и да обезбедат храната за своите семејства.
А Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања и шетања по Јадранско море.
Ваквиот однос на владата на Мицкоски е навреда за секој чесен работник, за секое семејство кое се бори со тешкото секојдевие, со високите трошоци и поскапувањата.
Во времето на СДСМ платите растеа постојано, парите завршуваа назад кај граѓаните, се водеше домаќинска политика.
СДСМ во својот мандат ја зголеми минималната плата од 8.000 на 22.000 денари а просечната плата од 20 на над 40 илјади денари.
Со ВМРО растат само долговите. Дупката во Буџетот постојано се зголемува. Веќе недостасуваат 2 милијади евра кои власта нема како да ги надополни освен со нови задолжувања на граѓаните.
Задолжувања за нов авион и криминални тендери а не за плати и пензии. За тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ приоритет се бизнисите, тендерите и луксузирањето врз грбот на народот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Песков: Москва и понатаму очекува разговори со Зеленски
-

Пентагон потпиша седумгодишни договори со производители на оружје
-

ПМФЛ: По бод за Тиквеш и Вардар
-

Руското разузнавање ја обвини ЕУ дека се подготвува за мешање во септемвриските избори во Русија
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
