СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови.
Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.
За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.
СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.
Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со поддршката од граѓаните ќе имаме убедлива победа во Демир Капија, за напредок и реализација на многу проекти
-

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина
-

Николоски од Росоман : Проширување на патот што го поврзува Росоман со новиот експресен пат, изградба на влезот во Сирково, поддршка за земјоделците
-

Ердоган: Ниедно политичко или безбедносно прашање не може да се решава без Турција
-

Кина го објави петгодишниот план пред најавената средба Си - Трамп: Справување со надворешните ризици, технолошка самостојност и раст на домашната побарувачка
-

Србија чува најмногу злато од државите од поранешна Југославија
-

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела
-

Кривична за 19-годишник од Скопје осомничен за обљуба на малолетничка
