СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ падна прениско, дезертерот Драган Ковачки злоупотребува починати лица
ВМРО-ДПМНЕ падна прениско. Ова што го прави очајниот шпицен градоначалник Христијан Мицкоски е под секое човечко, културно и политичко ниво.
Не поминаа селективно фабрикуваните лаги за претседателот Ковачевски и сега Драган Ковачки оди уште пониско, злоупотребува починати лица.
Зарем за ВМРО-ДПМНЕ е нормално за политички цели да се злоупотрбува трагичната судбина на починатиот Александар Ковачевски, на кому му починаа две деца?
До толку ли ниско се паднати да немаат ниту срам ниту елементарно достоинство?
Политичката култура на СДСМ не дозволува дебатата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски мисли дека на ваков начин ќе отргне внимание од јавноста за криминалните скандали во град Скопје, за случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и фактот што загуби на вонредните локални избори?
ВМРО-ДПМНЕ не се менува, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана.
Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДУИ носи одлуки
-
Работничка останала без работа откако кажала дека е бремена - КСЗД утврди дискриминација
-
Сите чекаат Димитриевска сама да замине од Антикорупциска
-
Академската фела со реакции за предлогот за заедничка резолуција со Бугарија
-
Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед
-
Лефков: СДС и Венко Филипче се ставаат во служба на Бугарија за лични интереси