СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството, Владата ги санира штетите
ВМРО-ДПМНЕ остави хаос во здравството, а актуелната Влада работи на санација на штетите, соопшти денеска СДСМ.
- Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од хаосот што ВМРО-ДПМНЕ и Никола Тодоров ги направија во здравството и предизвикаа штета на здравјето на граѓаните. Во фокусот на промашените политики на ВМРО-ДПМНЕ 11 години беа криминалните апетити на Никола Груевски и неговите соработници, а не граѓаните, наведува СДСМ.
Според партијата, наместо модернизација на здравството, со расипничкото и криминално трошење на парите ВМРО-ДПМНЕ ги остави клиниките во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат, со неупотреблива опрема.
- Владата предводена од СДСМ ќе продолжи посветено да работи на санација на направените штети и на подобрување на условите во здравството, во интерес на сите граѓани, стои во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?