СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, тоа е партија заглавена во режимската и насилничка матрица
ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Останува иста, заробена во режимска и насилничка матрица и тоа го покажува на дело.
Со навреди и обиди за физички напади, вчера претниците на ВМРО ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат Комисијата за образование наука и спорт.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со закани пробаа да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставници и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието.
ВМРО-ДПМНЕ се против над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Тие се толку силно против ова трајно решение за наставниците и стручните соработници, што се спремни и со насилство да ги блокираат измените во Законот.
Ниту една боја не може да ги сокрие, ниту да го промени деструктивниот карактер на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Со какви нови бои и да се премачкаат, тие остануваат исти – партија која блокира, кочи, брани криминал – партија која работи против интересите на граѓаните и на државата.
Во недостаток на идеи и конструктивност , крадат концепти и слогани од СДСМ, лицемерно претставувајќи се како нови со нови политики пред граѓаните.
Нема ниту Н од нови политики во ВМРО-ДПМНЕ.
И Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се лажат дека со навреди, закани и насилство ќе успеат да ги спречат реформите кои се во интерес на граѓаните.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на нереформираното и дестуктивно ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
