СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса економијата, податоците сега покажуваат раст
ВМРО-ДПМНЕ преку криминалното и расипничко владеење 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ја уништуваше економијата. Крвавиот четврток на 27 април организиран од ВМРО-ДПМНЕ и целиот амбиент на поделби и кофликт создаде несигурност и донесе економски крах.
Со формирањето на реформската Владата предводена од СДСМ започна процес на спроведување реформи што ја движат економијата и ги санираат штетите од расипничкото, криминално и антидржавно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 е намалена на 21,9 отсто. Во последното тромесечје од 2017 година, Бруто домашниот прозивод пораснал за 1,2 отсто, а индустриското производство во јануари 2018 е зголемено за 8.4 отсто. Владата предводена од СДСМ потпиша договори со осум странски компании, инвестиции во вредност од 73,5 милиони евра.
Потврда за исправноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ е фактот што во 2017 година јавниот и државниот долг забележаа пад за првпат по 2009 година, а меѓународната кредитна агенција „Фич“ го подобри кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен.
Фактите покажуваат дека за само 9 месеци од формирањето на владата економските параметри се движат во нагорна линија што ја докажува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците