СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ измислуваат скандали, граничните служби се обврзани да ги пропуштат сите патници
Фрустрирани од правдата и неселективното владеење на правото, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктивно и неодговорно однесување и во обид да ја манипулира јавноста, измислува случаи на злоупотреба, таму каде што нема.
Очигледно навикнати на времето кога државата се водеше од белиот дворец и кога Груевски по телефон поставуваше и разрешуваше судии, ВМРО-ДПМНЕ конструираат непостоечки случаи со цел да ја покријат спрегата на Орце Камчев и Христијан Мицкоски.
Портпаролот на Мицкоски, Димче Арсовски прво нека ја прочита одлуката за ограничување на движењето донесена од Владата, која предвидува сите наши граѓани што се враќаат од странство и влегуваат на територијата на Македонија, на кој било од граничните премини, во временски период додека важи забраната и посебниот режим на движење, да им биде одобрено движење од граничниот премин до нивното престојувалиште или живеалиште.
Значи нашите гранични служби се обврзани да ги пропуштат сите патници, државјани на Македонија, кои ќе се затекнат на некој од граничните премини по 22:00 часот, без да има потреба од какви било укажувања.
Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ, нема што да понуди, освен измислици, манипулации, опструкции и лажни вести и затоа е поразувана од граѓаните и уште долго ќе биде во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
