СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и во опозиција прави се за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни

Партијата која кога беше на власт 11 години крадеше и го задолжуваше народот за да гради луксузна бела палата од каде денес шири лажни вести, да гради споменици кои се распаѓаат и за да се богати партиското раководство, нема кредибилитет да зборува за економија.
ВМРО ДПМНЕ е партија која и во опозиција се противеше и ја кочеше финансиката поддршка за граѓаните и стопанството и правеше се’ за парите да не стигнат таму каде што се најпотребни.
Нивните функционери јавно се противеа на концептот парите назад кај граѓаните, се противеа и на покачувањето на минималната плата.
Во најтешкиот период од пандемијата од Ковид 19, преку дополнителната заменичка министерка за финансии, ВМРО ДПМНЕ со месеци кочеше заем од Светска банка, пари наменети за инвестиции во здравството и за помош на најранливите.
Владата предводена од СДСМ се соочи и со враќање на долгови направени од ВМРО ДПМНЕ за Скопје 2014.
“Немаме за леб, трошиме на чоколадо”, тоа е ВМРО ДПМНЕ и нивниот однос кон парите на граѓаните кој и денес не е променет.
Денес, парите одат кај граѓаните. Во домаќинствата и во компаниите преку пакетот мерки во време на пандемија директно се вбризгани над 65 милијарди денари.
Македонска економија оди кон стабилни и поголеми стапки на раст и тоа го потврдуваат сите економски податоци.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
