СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска не нудат ништо освен деструкции и затоа ќе убедливо ќе загубат на изборите
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да одбива да се соочи со реалноста дека годините на тонење се зад нас, дека по години изолација и уназадување, државата тргна напред, а економијата се движи во добар правец.
За само една година, во 2018 ., отворени се над 26.000 работни места, а забележани се странски инвестиции во вредност од над 624 милиони евра. Сето тоа придонесе стапката на невработеност да опадне на 19,4 отсто во последниот квартал од 2018 година.
Околу 424 млади земјоделци добиле неповратни средства од 10.000 евра за започнување бизнис, инвестиции во механизација и производство, а Агенцијата за вработување со над 16 милиони евра, поддржала отворање на 1191 бизнис преку мерката мерката за самовработување.
Ова се само дел од реалните податоци со кои ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири и не може да ги прифати. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка Гордан Сиљановска не нудат ништо, освен деструктивно однесување спротивно на интересите на државата и затоа на 21 април и 5 мај ќе доживеат убедлив пораз од граѓаните, кои ќе го изберат Стево Пендартовски вистински претседател кој ќе работи во интерес на државата.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември