-->
-->
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи ребалансот на Буџетот, се противи на повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита
-->
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.
Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ упорно не ја закажува седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за ребаланс на Буџетот за 2021 година.
Со овој потег, ВМРО-ДПМНЕ повторно покажа дека е против мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за активни мерки за вработување, кои се предвидени со ребалансот на буџетот.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е против намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за образование, за социјална заштита, за здравство и за зголемување на платите во неколку сектори.
ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за субвенциониран студентски оброк и подигнување на стандардот на 40.000 студенти.
Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за економијата, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги кочи мерките и политиките што го подобруваат животот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се води од личните интереси на Мицкоски, СДСМ продолжува да се води од интересите на граѓани.
Таа разлика граѓаните ја препознаваат и својот став ќе го кажат на локалните избори каде ќе испорачаат нов пораз на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица