СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето, денес се преземаат системски мерки
На Стоилковски не му пречеше загадувањето кога ги бранеше политиките на Груевски, денес се преземаат системски мерки, а бројот на денови со висока загаденост опаѓа
11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето, а преку погубните политики и директно го поттикнуваше загадувањето.
Непланските градби, масовното уништување на зеленилото заради лични бизнис интереси придонесоа загадувањето енормно да се зголеми а последиците се чувствуваат и денес.
Тогаш на Наум Стоилковски не му пречеше загадениот воздух бидејќи како новинар до последно ги бранеше криминалните политики на Никола Груевски.
Се инвестира во замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, интензивно се работи на гасификација.
Владата предводена од СДСМ издвои 5,4 милиони денари за замена на постоечките загадувачки системи за греење на јавни објекти во Куманово.
Наскоро пристигнуваат 33 еко автобуси за јавниот превоз во Скопје, со што ќе се замени дел од стариот и нееколошки возен парк во јавниот превоз.
10 милиони евра се обезбедени за субвенционирање на инвертори за 10.000 семејства, а со намалување на ДДВ за парно, се очекува да порасне бројот на нови корисници на овој еколошки начин на загревање.
Предизвици се уште постојат бидејќи се работи за комплексен проблем, но бројот на денови со висока загаденост во текот на годината, кој во последните две години се намалува покажува извезен напредок во решавање на овој децениски проблем.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски