СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на Христијан Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е без политички компас, дека нема јасен правец на делување и дека е во тотална конфузија, и тоа токму во еден од најважните периоди за иднината на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ го цензурираше говорот на нивниот претседател Христијан Мицкоски.
(Говор на Претседателот Христијан Мицкоски Кичево 02 09 2018, околу 33 минута)
Од говорот на Мицкоски на официјалниот канал на ВМРО-ДПМНЕ цензурирани се неколку реченици кои побудија најголем медиумски интерес. ВМРО ДПМНЕ го цензурираше Мицкоски која самиот за себе вели: „Кој е Мицкоски да му каже на народот што треба да прави?“
Партија што се автоцензурира и менува сопствени содржини, покажува дека нема јасни ставови, дека во неа владее целосна конфузија, дека не го почитува ниту сопствениот збор ниту граѓаните.
Уште еднаш повикуваме на сериозност во овие историски моменти за Македонија. Станува збор за иднината на државата, за иднината сите наши деца, на сите наши граѓани.
Време е ВМРО-ДПМНЕ да се стабилизира, да се преиспита и да се вклучи во процесите кои носат членство на Македонија во ЕУ и НАТО.
Добро е и за ВМРО-ДПМНЕ, за нејзините членови и за самиот Мицкоки, што поскоро да се освести, да повика да се излезе на референдумот, да повика ЗА влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ново на Сител
-
Директорката на Клиниката "Козле" објаснува зошто докторката добила отказ
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје