СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедските односи, МНР ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија
СДСМ во пишана реакција оцени дека со поднесената интерпелација за министерот за надворешни работи Никола Димитров, ВМРО-ДПМНЕ останува заробена во минатото и политиките на поделби, изолација, раздор и конфликти со што продолжува да работи на штета на државните и интересите на граѓаните.
- Со неоснованата интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека е против евро-атлантските интеграции и добрососедските односи и против решавање на отворените прашања, како што беше потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е целосно во согласност со националните интереси на нашата држава и во согласност со интересите на граѓаните на Македонија и на Бугарија. Договорот е основа за пријателство и взаемен успех на двете држави, а неговото потпишување е заеднички успех на сите досегашни влади и на сите граѓани. Целиот демократски свет го поздрави Договорот како значаен чекор во евро-атлантските интеграции и зајакнувањето на регионалната и меѓународна позиција на Македонија, стои во реакцијата.
Според СДСМ, залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку неиздржани интерпелации да се обидуваат да ја држат Македонија во изолација и да ги кочат реформите што носат добро за сите граѓани.
- Македонија оди напред. Преку посветената и отчетна работа на Министерството за надворешни работи и министерот, Македонија ги отвора евро-атлантските перспективи и ја зајакнува регионалната и меѓународна позиција, што ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја урнисуваше, се посочува во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ – Најавува формирање на „Коалиција за зелена иднина“
-
Лекарите со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Израел го нападна Фордо, додека Трамп најави „промена на иранскиот режим“ по американските напади
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта