СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да заборави на злоупотреба на МВР, на 12 април граѓаните ќе порачаат режим никогаш повеќе
ВМРО-ДПМНЕ со години е во коалиција со мафијата управувана од нивниот почесен претседател во бегство во Будимпешта, Никола Груевски.
Со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори.
ВМРО-ДПМНЕ треба да заборави на праксата на контрола на партијата врз министерството за внатрешни работи, која ја применуваше за време на својот 11-годишниот режим.
Дивеењето во МВР и злоупотребите од страна на ВМРО-ДПМЕ овојпат нема да се случа, затоа што тоа нема да го дозволат ниту СДСМ, ниту граѓаните.
Додека ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува техничките функции и шири лажни вести, а истовремено го брани криминалот на режимот, СДСМ преку конкретни мерки и политики испорачува резултати што носат придобивки за сите граѓани.
Сите обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да подготвуваат терен за непризнавање на изборниот резултат се залудни.
Груевстичкото ВМРО-ДПМНЕ нема никакви шанси на изборите во април.
Денес, институциите се во сигурни раце, фер и демократски избори ќе има, слободната волјата на граѓаните СДСМ нема да дозволи да биде загрозена.
На 12 април, граѓаните ќе потврдат дека сме на прав пат, државата е во сигурни раце и нема дозволат враќање на режимот. Режим никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Невреме со силен ветар, дожд и град попладнево го зафати кумановскиот регион
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Тема на денот со Миле Маркоски декан на ФЗНХ
-
Приватните специјализанти уште еднаш потсетија за нивните барања за поголеми плати и осигурување
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника