СДСМ: Три години MојДДВ, вративме 68 милиони евра назад кај граѓаните
Мерката Мој ДДВ е една од најуспешните мерки од концептот Парите назад кај граѓаните што го реализира Владата предводена од СДСМ.
За три години преку оваа мерка кај граѓаните се вратени 4,2 милијарди денари или околу 68,3 милиони евра, односно над 22 милиони евра кај граѓаните секоја година.
За успешноста на овој проект кој освен повеќе пари кај граѓаните, ја јакне и даночната дисциплина говори и фактот дека денес има регистрирано над 460.000 корисници и овој број постојано расте.
Она што е важно да се истакне е дека наскоро ќе започне процес на законски измени со кој тримеселниот лимит од 1.800 денари, ќе се зголеми на 2.100 денари, што значи дека еден корисник за една година може да добие максимален поврат од 8.400 денари, наместо досегашните 7.200 денари. Мерката Мој ДДВ е првиот проект со кој државата враќа пари директно на трансакциските сметки на граѓаните и пример за проект кој функционира беспрекорно.
СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.
Грижата за граѓаните и нивниот економски станадард останува врвен приоритет за Владата и институциите предводени од СДСМ.
СДСМ
Ново на Сител
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа
-
Детали за планот на Трамп за Украина
-
Ужас во Хрватска: Пронајдени тела на две закопани бебиња, родителите биле членови на секта
-
Баерн загуби на домашен терен од Баер, Нојер доби црвен картон