СДСМ: Судски е потврдено дека Николоски ширел лажи вести

Судски е потврдено дека Николоски ширел лажни вести и тоа продолжува да го прави и денес директно од Центарот за лаги – белиот дворец
Денеска од центарот за лаги во белиот дворец, Алекдандар Николоски продолжува да шири лажни вести и да се промовира како жртва иако и судски е потврдено дека свесно лажел.
Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Николоски за случајот во кој тој беше обвинет за клевета на Вице Заев.
Со тоа, Апелација ја потврди пресудата на понискиот суд со која е утврденa граѓанска одговорност од Николоски дека сторил клевета на јавен телевизиски настап.
Осудениот клеветник Николоски денеска се обиде да најде алиби за оправданата тужба за клевета што ја изрекол кон претседателот Зоран Заев. Николоски кој упорно лаже, најмногу се плаши од вистината, затоа е оваа негова панична реакција денеска.
Николоски е свесен дека низ отворена, легитимна и транспарентна судска постапка, уште еднаш ќе се докаже дека направил клевета и затоа измислува нови лаги со кои ја лаже јавноста.
Ново на Сител
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
-

Земјоделците: Државата ни должи над 100 милиони евра субвенции
-

Опозицијата не дојде на расправа за реформски закон
-

Тема на денот со Вивен Ајсен, амбасадорка на Израел во Македонија
-

Одбиено барањето за спојување на судските постапки за трагедијата во „Пулс“
-

Државата мора да издвои повеќе пари ако сака да се справи со семејното насилство
-

Продолжен притворот за 48 часа за сопругот на Ивана, по трагедијата во Карпош
