СДСМ: Собранието денеска кажа ДА за македонската иднина

Собранието кажа ДА за македонската иднина, се отвораат перспективите, поканата за влез на Македонија во НАТО е ставена на дневен ред.
Конечниот Договор за решение на 25-годишниот спор што ја влечеше земјава надолу ги отвора евроатланстските перспективи.
Веста дека Северноатлантскиот совет прифатил поканата за влез на Македонија во НАТО да биде ставена на дневен ред на следниот самит на Алијансата е уште една потврда дека Договорот е патриотски чин кој обезбедува сигурна иднина на државата, на граѓаните.
Лидерството е препознаено, Македонија чекори кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ.
Со Договорот се зајакнува и заштитува македонскиот идентитет, никогаш повеќе да не биде негиран или оспоруван.
Договорот е историска можност за македонската иднина.
Конечниот збор за решението ќе го имаат граѓаните. Убедени сме дека на референдумот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина.
Ново на Сител
-

Орбан: Будимпешта е подготвена да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина
-

Осомничениот за пукањето пред Белата куќа ќе биде обвинет за убиство од прв степен
-

ЈПДП: Расчистување на вегетацијата на клучките на автопатот А1, безбедноста врвен приоритет
-

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра
-

Зеленски: Андриј Јермак поднесе оставка
-

Меџити потврди дека Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија, а Беким Сали прв вицепремиер
-

Агенциите на ОН апелираа до Вашингтон да им дозволи на барателите на азил пристап до САД
-

Над 60 проценти од жителите на ЕУ лани купувале онлајн
