СДСМ: со повикот за бојкот, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса

Со повикот до своето членство да не присуствува на одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старата пракса на создавање поделби и тензии меѓу граѓаните, реагира денеска СДСМ преку соопштение.
- Оние кои лажно повикуваа на четврти Илинден, решија да го бојкотираат чествувањето токму на Илинден и на 2 Август, со што го погазуваат вековниот стремеж за слободна и независна Македонија. Одбележувањето на 2 Август е заедничка вредност на сите граѓани на Република Македонија без разлика на нивната партиска, етничка или религиска припадност, се наведува во соопштението.
Од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ треба вистински да се реформира, да се надмине себеси, деструктивниот начин на однесување и конечно, како што истакнуваат, да стави крај на политиките што создаваат поделби меѓу граѓаните.
- ВМРО-ДПМНЕ ниту смее, ниту може, да им сугерира на граѓаните дали и како да го чествуваат празникот што е длабоко врежан во историјата на нашата заедничка Република Македонија, се наведува во соопштението од ССМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
-

Го киднапирале, со пиштол му се заканувале да признае наводно силување, ОЈО бара притвор за двајцата грабнувачи
