СДСМ: Со носењето на законот за ЈО ја гарантираме европската иднина

Со носењето на Законот за јавно обвинителство се постави основата за неселективна правда и за правосудство кое ќе гарантира одговорност и казнивост за секој што го прекршил законот.
Oгромното мнозинство во парламентот постигна историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Желбата и потребата од правда ја победи алчноста за крадење народни пари.
Со овој Закон се гарантирана судска разрешница на сите започнати судски процеси и случаи иницирани од СЈО кои ќе се водат врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази.
Нема скриена амнестија за никого, ниту за стари, ниту за нови случаи. Секој што го прекршил законот ќе се соочи со одговорноста. Секој што допрва ќе го прекрши Законот ќе се соочи со одговорност.
Законот гарантира дека политичарите нема да избираат обвинители, ниту да одлучуваат за предметите. Ќе имаме независни обвинителски институции. Она кон кое се стремиме со децении и кое ни ја обезбедува европската иднина.
Намерата на ВМРО ДПМНЕ да ја загрози правдата и иднината на државата, не успеа. Ниту во иднина ќе дозволиме опозицијата да ја опструира европската перспектива. Ние нашите ветувања ги исполнивме, време е ЕУ да го исполни своето ветување, одлука за почеток на преговорите.
Ние не застануваме тука, продолжуваме по патот кон Европа. Тие еден чекор назад, ние три чекори напред!
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
