СДСМ: Со Мицкоски нема ЕУ
А како што се ближат изборите, очекувано партиите ќе ги засилуваат своите кампањски активности.
СДСМ вчера беше на партиски настан во Прилеп а утрово од партијата во писмено соопштение порачуваат дека тие се единствената опција која ќе ја однесе земјава во Европската Унија.
Јасно како ден е дека со Мицкоски и ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години.
Мицкоски тоа јавно го потврди пред целата јавност, на телевизија, во интервју за 360 степени, велејќи „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“.
Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пензии, подобра иднина за младите.
Блокадите на ДПМНЕ и Левица на евроинтеграцијата се закана за иднината на државата и мора да бидат поразени.
На изборите ќе се соочат два политички блока, проевропскиот предводен од СДСМ и антиевропскиот предводен од ДПМНЕ и Левица – се вели во соопштението на СДСМ
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
