СДСМ: Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите?
Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.
Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.
Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот.
ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.
Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.
Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот