Македонија
2. July 2016 - 16:54

СДСМ: Системот „МојТермин“ е нефункционален

СДСМ смета дека Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“ е нефункционирален и продуцира огромни проблеми на штета на граѓаните и лекарите.

- Дури 82 новороденчиња починале во првите шест месеци од оваа година само на Клиниката за гинекологија во Скопје. Новороденчиња и родилки умираат, дијабетичарите немаат инсулин, болните од рак не ги добиваат најновите генерации лекови, по клиниките нема основни медицински материјали, амбулантите се руина, стои во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров.

Според СДСМ, власта на ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот крати 570 милиони денари за здравството.