СДСМ: Се е подготвено за почеток на вакцинацијата, Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, како и Министерството за здравство, во изминатиот период презедоа сериозни чекори во надминување на сите предизвици со масовната имунизација против коронавирусот.
Навреме се набавија соодветни фрижидери за складирање на вакцините, беше направен прецизен план за вакцинација на населението и денес се е подготвено за почеток на вакцинацијата.
Првиот контингент вакцини вчера пристигна во државата, како поддршка од пријателска Србија. Македонија има пријатели и тоа се покажува на дело.
Со овие вакцини ќе се вакцинираат здравствените работници кои во изминатиот период се во првите борбени редови против Ковид 19 и кои секојдневно се изложени на ризик од коронавирусот.
Според предвидената динамика наскоро се очекува да пристигнат и кинеските вакцини, со што засилено ќе продолжи вакцинацијата на населението.
И додека Владата, институциите предводени од СДСМ се посветени на решавање на предизвиците и работат во интерес на граѓаните и јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски за сето време од оваа коронакриза, седи отстрана и се однесува деструктивно.
Лажни вести, кршење мерки, обиди за поткопување на здравствениот систем, навреди и понижувања кон здравствените работници, се сето она што граѓаните го гледаат од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во изминатава година.
ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не се грижат за здравјето на граѓаните. Единствената нивна грижа е како да ја зачуваат фотелјата на Мицкоски кој шест пати губи од граѓаните.
Нивните деструктивни политики се провидни, препознаени од народот и токму затоа уште долго ќе останат во опозиција.
Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
-

Долгови, неисправни камиони и спорни исплати: Што откри државната ревизија во „Комунална хигиена“
