-->
-->
СДСМ: Раст на просечната плата од 10 отсто
-->
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано спроведуваат ефикасни економски мерки, кои резултираат со економски раст и развој.
Во изминатите четири години платите бележат постојан раст во сите сектори.
Официјалните податоци говорат дека просечната плата за месец април 2021 година изнесува 28.438 денари. Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.
Во услови на светска економска и здравствена криза, платите не стагнираа, туку продолжија да растат.
Тоа само ја потврдува успешноста и навременоста на антикризните мерки и одговорните економски политики на Владата предводена од СДСМ. Градиме силна, стабилна, динамична економија и можности за забрзан економски раст преку реални, остварливи проекти.
Како владејачка партија нашата цел е да го оствариме даденото ветување пред граѓаните, за минимална плата од 18.000 и просечна плата од 36.000 денари до крајот на овој мандат.
Тоа и ќе го оствариме. Во овие четири години покажавме дека за нас, зборот е збор и тоа ќе го потврдиме и во иднина.
СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња