СДСМ: Просечната плата во јуни 2019 е поголема за 4,1 отсто и изнесува 25.205 денари
Продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда дека економијата е стабилна и поставена на здрави основи.
Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.
Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година.
Трендот на раст на платите продолжува и понатаму . Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500 , но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.
Истовремено, преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и во приватниот сектор.
СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветено да работи на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните.
Зборот важи!
Ново на Сител
-

Ковачки: Воената академија ќе добие за 419 отсто поголем буџет
-

Пуштен сообраќајот на патниот правец Градско – Велес
-

УХМР најавува пообилни врнежи од дожд и засилен ветер
-

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“
-

По неколку години, Полска повторно отвори два гранични премини со Белорусија
-

Тројца повредени во сообраќајка на патот Валандово-Удово
-

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди
-

На бриселскиот аеродром запленет кокаин во вредност од 4,3 милиони евра

