СДСМ: Продолжуваме со засилена реализација на капиталните инвестиции во гасификација, железничка, патна и комунална инфраструктура

СДСМ е посветен на креирање и реализација на мерки и политики, кои ќе обезбедат рестарт на македонската економија и поквалитетен живот за сите. Преку стратешката рамка „Акција 21“, Владата предводена од СДСМ оваа година се фокусира на развој и унапредување на инфраструктурата.
За реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификација, железничка, патна и комуналната инфраструктура како и за изградба на социјални станови се предвидени 83 проценти од буџетот на Министерството за транспорт и врски.
За изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава се инвестираат 840 милиони евра. За оваа година се обезбедени 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализациски и водоводни мрежи во општините, 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините
Со 35 милиони евра, средства добиени преку пренамена од ТАВ, ќе се финансираат 99 локални проекти во 75 општини. Процесот на гасификација се реализира со одлично темпо. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен и кон Тетово и Гостивар.
Инвестираме и во обезбедување домови за граѓаните од ранливите категории. Во изградба се вкупно 576 социјални станови низ целата држава. СДСМ како одговорна партија и во 2021 година продолжува со инвестиции во капиталните проекти, со кои се поттикнува економскиот раст во државата, подобри услови за економијата и повисок стандард на сите граѓани.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
