СДСМ: Процесот на деинституционализација дава резултати, веќе нема деца во Домот 11 Октомври
Започнатиот процес на деинституционализација од страна на Министерството за труд и социјална политика се спроведува успешно и дава сериозни резултати.
Во Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје, веќе нема сместено ниту едно дете. Од пред неколку дена тие се сместени во 4 мали групни домови и згрижувачки семејства.
Претходно, пред околу четири месеци целосно беше трансформиран и домот „25 Мај“ и сите 25 деца сега живеат во 5 мали групни домови во Скопје и сите се вклучени во редовниот образовен процес.
До крајот на 2018 година од Специјалниот завод „Демир Капија“ беа извадени сите деца до 18 години денес тие се сместени во мали групни домови каде што добиваат 24 часовен надзор и им е пружена сета потребна поддршка.
Досега, преку проектот за деинституционализација бројот на деца сместени во институции е намален за 60 отсто.
Заложбите на владата предводена од СДСМ и надлежното министерство се до 2020 година да нема повеќе деца под 18 години кои ќе бидат сместени во институции.
За таа цел процесот на деинституционализација продолжува и во следниот период.
Ново на Сител
-
Трошоците на живот во октомври пониски за 0.7%, а цените на мало за 0.1%
-
Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа
-
ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители
-
Војниците поднесоа кривична за Славјанка Петровска, го спречила синдикалното движење
-
Мбапе е незадоволен од играњето во центарот на нападот на Реал Мадрид и сака да игра на крило
-
Анкета: Мнозинството Украинци се против Русија, само три отсто имаат позитивен став
-
Врховен суд: Да се почитуваат акредитациите за снимање во судница
-
Загина 59-годишен маж од Прилеп: Со возилото излетал од патот