СДСМ: Пристигна поддршката од ЕУ вредна 80 милиони евра, европскиот пат носи придобивки
Напредокот во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ носат придобивки за граѓаните, државата и економијата.
Пристигна грантот од 80 милиони евра од ЕУ, како буџетска поддршка за ублажување на кризата.
Грантот од 80 милиони евра од ЕУ е поддршка за субвенции на граѓаните за сметките за електрична енергија, поддршка на малите и средни компании за одржување на континуитет на бизнисот како и за инвестиции на државата за енергетска транзиција, обновливи извори на енергија и зголемена енергетска ефикасност.
Станува збор за средства кои се веќе достапни и се дел од пакетот антикризни мерки во износ од над 760 милиони евра што Владата предводена од СДСМ ги донесе.
Сето ова е сериозна поддршка на дело за нашата држава од страна на Европската Унија
ЕУ не ги заборави македонските граѓани и повторно е со нас во време на светска криза, докажувајќи дека е многу повеќе од финансиска поддршка со која ни помага во забрзување на трансформацијата на општеството и подготвувањето на Северна Македонија за полноправно членство во европското семејство.
Владата, парламентарното мнозинство и институциите предводени од СДСМ продолжуваат со реализација на реформите кои ја забрзуваат европската интеграција и носат придобивки за граѓаните.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Кога пензионираните пилоти за ер тракторите ќе се вратат на работа?
-
Традицијата продолжува - Златните денови Кратово 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат